ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И ПИЈАНИ – МВР приведе 22 возачи низ Македонија
Меѓу приведените има лица без положен возачки испит, возачи под дејство на алкохол и едно лице со нерегистрирано возило.

МВР информира дека во изминатото деноноќие на територијата на целата држава се приведени 22 возачи поради сторено дело „безобѕирно управување возило“.
Од приведените, 13 возачи управувале без положен возачки испит. Четворица од нив биле затекнати во Скопје, четворица во Битола, двајца во Виница, а по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово. Еден од возачите кој немал положено возачки испит управувал и под дејство на алкохол.
Покрај тоа, осум лица биле санкционирани поради управување возило под дејство на алкохол и две во Скопје, две во Крива Паланка, а по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица. Дополнително, едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возила без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат кон поголема безбедност на патиштата.


