НОВИ АМЕРИКАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН 17 загинати и над 100 повредени

Вашингтон и Техеран повторно во отворен конфликт – нападите се проширија на шест ирански градови, а размената на удари ја зголемува опасноста од поширока ескалација.

НОВИ АМЕРИКАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН 17 загинати и над 100 повредени
Фото: Принтскрин

Бројот на жртви од последните американски воздушни напади врз Иран се искачи на 17, додека повеќе од 100 лица се повредени, соопшти портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур.

Според неговите информации, во нападите извршени на 8 и 9 јули биле погодени шест градови низ земјата. Повредени биле 115 лица, меѓу кои и две жени. Четиринаесет лица биле оперирани, додека 102 добиле медицинска помош и биле пуштени на домашно лекување. Меѓу загинатите има и една жена.

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите претставувале одговор на иранските активности против комерцијалните бродови во Ормускиот теснец.

По американските удари, иранските сили возвратија со напади врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Новата размена на напади претставува второ разгорување на конфликтот меѓу двете земји по постигнатиот меморандум за прекин на непријателствата во средината на јуни. Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека прекинот на огнот повеќе не е во сила.

УДАР ВО СТРАТЕШКАТА ВРСКА НА ИРАН Американски напади го оштетија мостот кон Кина и Русија

CATEGORIES
TAGS
Share This