224 АМАНДМАНИ И МИЛИЈАРДИ ВО ИГРА Денеска продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува амандманската расправа, додека со ребалансот се предвидуваат повисоки приходи, расходи и дополнителни средства за капитални инвестиции.

224 АМАНДМАНИ И МИЛИЈАРДИ ВО ИГРА Денеска продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Фото: Принтскрин

За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани, од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа дел од предложените амандмани, а расправата продолжува и денеска.

Според предложениот ребаланс, вкупните буџетски приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување од околу 4,2 милијарди денари, односно 1,1 процент во однос на првично усвоениот Буџет за 2026 година.

Вкупните расходи се планирани на 425,2 милијарди денари. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои ќе достигнат речиси 46 милијарди денари, што е за околу 5,8 милијарди денари или 14,5 проценти повеќе во однос на првичниот план.

Макроекономските проекции остануваат со очекуван економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит на ниво од 4,1 процент од бруто-домашниот производ (БДП).

CATEGORIES
Share This