„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ СЕ ВРАЌА НА САЕМОТ НА КНИГАТА Познати автори, 600 наслови, пристапни цени, три промоции

На штандот на „Македоника литера“ ќе бидат понудени над 600 наслови од областа на белетристиката (домашна и преведена), литературата за деца, драмската литература, историографијата, книжевната теорија, книжевната и културната историја, лингвистиката, филозофијата (посебно старокинеската)

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ СЕ ВРАЌА НА САЕМОТ НА КНИГАТА Познати автори, 600 наслови, пристапни цени, три промоции

По неколкугодишна пауза, годинава „Македоника литера“ ќе учествува на Саемот на книгата во Скопје, што ќе се одржи од 8 до 14 мај во СЦ „Борис Трајковски“.

На штандот на „Македоника литера“ ќе бидат понудени над 600 наслови од областа на белетристиката (домашна и преведена), литературата за деца, драмската литература, историографијата, книжевната теорија, книжевната и културната историја, лингвистиката, филозофијата (посебно старокинеската)…

Ќе биде понуден богат избор, добар квалитет и пристојни цени.

За време на Саемот на книгата „Македоника литера“ ќе организира и три промоции на нови книги:

На 8 мај, во 18 часот ќе се одржи промоција на две нови книги на Ѓоре Ѓелев: „Човекот без сенка“ (раскази) и „Љубовен бележник“ (поезија). Промотор ќе биде Васил Тоциновски.

На 9 мај, во 11 часот, е планирана промоција на најновата книга на Киро Донев – романот „Дневникот од штрковото гнездо“, промотор Нове Цветаноски.

На 12 мај, во 13 часот ќе биде промовирана книгата раскази „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од Марина Димитриева Ѓорѓиевска. Промотор ќе биде Ранко Младеноски.

На 9 и 10 мај, од 11 до 14 часот, гостин на штандот на „Македоника литера“ ќе биде Киро Донев, кој за своите читатели ќе потпишува свои книги.  Инаку, Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. Добитник е и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

CATEGORIES
TAGS
Share This