ПРЕД ШЕСТ ГОДИНИ МУ СЕ СМЕЕЈА – Денес брзата железница станува државен приоритет
Ристовски оценува дека ваквите најави претставуваат потврда дека визијата која ИНТЕГРА ја застапувала пред неколку години денес постепено добива институционална поддршка.

Идејата за изградба на брза железница, која пред неколку години беше дел од изборната програма на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, повторно е во фокусот на јавноста, откако Владата во изминатиот период најави дека железничката инфраструктура ќе биде еден од клучните развојни приоритети на државата.
Лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски со право потсетува дека партијата уште во изборната кампања во 2020 година ја промовирала иницијативата за изградба на брза железница, оценувајќи ја како проект од стратешко значење за економскиот развој и геополитичкото позиционирање на Македонија. Според Ристовски, иницијативата тогаш била предмет на потсмев и критики од политичките противници, додека денес, како што наведува, истата идеја станува дел од владините приоритети.
„Одеднаш брзата железница станува прашање на стратегиско позиционирање на Македонија, па дури и прашање на опстанок на државата. Зошто тогаш нашата иницијатива беше исмејувана, а денес е врвен стратегиски приоритет?“, прашува Ристовски.
Во последните месеци Владата повеќепати најави дека ќе инвестира во модернизација на железничката инфраструктура, вклучително и развој на современи железнички коридори. Во таа насока, Македонија обезбеди и финансиска поддршка преку кредитен аранжман од Обединетото Кралство, кој е наменет за реализација на големи инфраструктурни проекти, меѓу кои и железнички инвестиции.
Ристовски оценува дека ваквите најави претставуваат потврда дека визијата која ИНТЕГРА ја застапувала пред неколку години денес постепено добива институционална поддршка.
„Големите идеи и визијата на ИНТЕГРА допрва ќе фаќаат длабоки корени на овие простори. Кога-тогаш, визијата дава плодови“, вели лидерот на партијата.
Прашањето за модерна железничка мрежа во последниот период сè почесто се наметнува како еден од клучните инфраструктурни приоритети, особено во контекст на подобрување на транспортната поврзаност, економскиот развој и интеграцијата на Македонија во европските транспортни коридори.


