27 МИЛИОНИ ЕВРА ШТЕТА И ЧЕТИРИ ОБВИНЕНИЈА Обвинителството ја отвори аферата ‘Еуростандард банка’

Трифун Костовски, неговиот син Коста и уште две лица се товарат за предизвикување стечај и несовесно работење во периодот од 2013 до 2019 година.

27 МИЛИОНИ ЕВРА ШТЕТА И ЧЕТИРИ ОБВИНЕНИЈА Обвинителството ја отвори аферата ‘Еуростандард банка’
Фото: Принтскрин

Поднесено е обвинение против четири лица поврзани со работењето на „Еуростандард банка“, поради наводно предизвикување стечај и несовесно работење, со што, според Обвинителството, биле предизвикани штети од над 27 милиони евра на доверителите.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги товари Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски, Николчо Петковски и Зоран Николовски.

Како првообвинет е посочен Николчо Петковски, кој во својство на претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, заедно со Коста Костовски, претседател на Кредитниот одбор, и Зоран Николовски, претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, според обвинението, постапувале спротивно на Законот за банките и внатрешните правила на банката.

Трифун Костовски, кој бил претседател на Надзорниот одбор, е четвртообвинет и се товари за несовесно работење во службата.

CATEGORIES
Share This