СУДОТ ПРЕСЕЧЕ Марин Ле Пен осудена, но сепак ќе може да се кандидира за претседател?
Апелациониот суд ја потврди затворската казна, но лидерката на француските суверенисти сè уште има можност да влезе во претседателската трка.

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Марин Ле Пен теоретски ќе може да се кандидира на следните претседателски избори, откако Апелациониот суд во Париз ја потврди пресудата со која е осудена на три години затвор, од кои две се условни.
Според одлуката на судот, Ле Пен ќе треба една година да ја издржува казната под електронски надзор, односно со електронска нараквица.
Најголемо внимание предизвика прашањето дали пресудата ќе ја спречи да се кандидира на претседателските избори. Според информациите, таа е осудена на вкупно 45 месеци, од кои 30 месеци се условни, а се смета дека веќе „отслужила“ 15 месеци, што практично ѝ овозможува да ја задржи можноста за кандидатура.
Доколку реши да влезе во изборната трка, Ле Пен ќе мора да ја води кампањата додека е под електронски надзор, што претходно самата го оцени како неповолна околност.
Истовремено, таа има можност да поднесе жалба до Касационен суд на Франција. Со тоа би можела привремено да го одложи извршувањето на мерката, но таквиот чекор носи ризик, бидејќи доколку постапката се одолговлечи, би можело да нема доволно време за евентуална промена на кандидатот пред претседателските избори.
Доколку Ле Пен сепак се повлече од трката, кандидат на нејзината партија би бил нејзиниот претседател Џордан Бардела.
Според последните анкети, кандидатот на партијата и понатаму ужива значајна предност во однос на останатите потенцијални претенденти за функцијата претседател на Франција.
МАРИН ЛЕ ПЕН НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА – Најави кандидатура и по пресудата


