ДУИ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Една изборна единица, но само под три услови

Интегративците велат дека електронското гласање за дијаспората веќе било прифатено решение, а гласањето по пошта не било дел од досегашните разговори.

ДУИ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Една изборна единица, но само под три услови
Фото: Принтскрин

ДУИ излезе со официјален став дека партијата би прифатила компромис околу гласањето на дијаспората, но само доколку тоа се спроведува по поштенски пат, важи исклучиво за претседателските избори и биде придружено со воведување една изборна единица.

Од ДУИ посочуваат дека прашањето за гласањето на дијаспората веќе било разгледувано во рамки на работната група за изборните реформи и дека како прифатливо решение било утврдено електронското гласање. Според партијата, предлогот за гласање по пошта не бил дел од претходно договорените решенија и претставува нов предлог надвор од досегашните разговори.

Во однос на идејата за една изборна единица, од ДУИ велат дека ја поддржуваат, но само доколку истовремено се исполнат три услови: да се воведе изборен праг од пет отсто од вкупно запишаните избирачи, да има отворени листи и сите три решенија да се применат кумулативно.

CATEGORIES
Share This