ТАЈНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА И ЗНАМ ГОТОВ – Еве колку милиони евра си земаат од буџетот, вонпарламентарните се бришат од играта
Зад кулисите на Изборниот законик: милионите за партии поделени, јавноста гледа само театар.

Забавата за јавноста околу Изборниот законик и наводните жестоки расправи за државното финансирање на изборната кампања продолжува.
Единствена Македонија апелира до граѓаните да не подлегнуваат на она што се прикажува како јавна кавга. Во позадина, според нас, оние што наводно се расправаат, веќе имаат постигнато договор за распределбата на средствата за изборната кампања.
Најодговорно тврдиме дека на следните вонредни парламентарни избори во пролет 2027 година, формулата за распределба на буџетските средства е веќе договорена: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН добиваат по околу 800.000 евра , Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра и останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра. Сите, се задоволни во заднина, додека јавно гледаме божемни расправии.
Најзагрижувачки за демократијата е фактот што вонпарламентарните партии се исклучени од државното финансирање, со што, де факто, се укинува нивното политичко делување, иако станува збор за буџетски средства на сите граѓани.
Се продолжува 35-годишната практика според која во Македонија никогаш не се обезбедени целосно фер изборни услови, имајќи предвид дека финансирањето за медиумско претставување е клучен фактор за еднаков пристап до гласачите.
Поради тоа, неопходно е или еднакво финансирање и на парламентарните и на вонпарламентарните партии или укинување на ваквиот модел. Неприфатливо е да се глуми лудило во јавноста и привид на демократски процес, додека суштинските правила однапред се договараат.
Познатата изрека „дај му на народот леб и игри“ повторно добива своја примена во политичката практика.


