Јирген Клоп најверојатно ќе стане нов селектор на Германија, каде што би го наследил досегашниот кормилар на „панцирите“, Џулијан Нагелсман.
По разочарувачкиот резултат на Мундијалот, германската фудбалска федерација се одлучи за промена на селекторската позиција, откако Нагелсман не ги исполни очекувањата.
Во јавноста веќе подолго време се споменуваше името на Клоп како главен кандидат, а сега тој е сè поблиску до враќање на тренерската сцена, и тоа на чело на репрезентацијата.
Доколку се реализира договорот, тоа би претставувало круна во неговата кариера.
Според последните информации, преговорите меѓу Клоп и Германската фудбалска федерација се во завршна фаза и остануваат само уште технички детали за официјализација.