ОРБАН УДРИ БЕЗ РАКАВИЦИ Ова е директен пат кон диктатура
Орбан обвини дека владата на Тиса ја турка Унгарија кон авторитарно владеење.

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер Виктор Орбан денес ја обвини владата предводена од партијата Тиса дека ја турка земјата кон авторитарно владеење, по контроверзите што се појавија по изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за најавени отпуштања на државни функционери.
Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото, но дека реакциите на неговите коментари покажале „агресија, закани и заплашување“, пренесува Хирадо.
„Ова е директен пат кон диктатура. Токму тоа го прави владата на Тиса. Не смееме да дозволиме тоа да се случи“, порача Орбан.
На 2 јули, во подкаст за јавниот сервис, Адер изјави дека најавеното отстранување на претседателот Тамаш Суљок и други високи државни функционери би било спротивно на уставот.
По неговите изјави следеше реакција од премиерот Петер Маѓар, кој го обвини Адер за злоупотреба на јавни средства преку Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“, која ја предводи.
Маѓар тврди дека фондацијата со години користи значителни јавни средства, додека Адер, според неговите наводи, добива високи месечни примања и други државно финансирани привилегии.


