ВАЖНО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ Ова се затворените патишта и ограничувањата што важат денес

АМСМ предупредува на прекин на сообраќајот, санации на мостови и летни ограничувања за тешките товарни возила.

ВАЖНО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ Ова се затворените патишта и ограничувањата што важат денес
Фото: Национал

Од понеделник (6 јули) започнува времена измена на режимот на сообраќај поради санација на мостот на реката Брегалница на регионалниот пат Р1204 во Штип, која ќе трае до завршување на градежните работи.

Според последните информации, на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината и да бидат особено внимателни на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од појава на одрони.

Во сила останува и летниот режим на сообраќај за тешките товарни возила над 15 тони, со забрани за движење во определени термини за време на викендите и во денови со екстремно високи температури. Дополнително, на магистралниот пат А2 Скопје – Охрид важи посебен режим со ограничување за товарни возила над 7,5 тони за време на викендите.

Во меѓувреме, продолжуваат градежните активности и времените режими на повеќе патни правци низ државата, меѓу кои се делниците Гостивар – Стража, мостовите кај Желино, скопската обиколница, регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, како и патниот правец Прилеп – Битола, каде сообраќајот е пренасочен поради изградбата на Коридорот 10Д.

CATEGORIES
Share This