ХАОС НА ЕВЗОНИ Колоните стигнаа до Македонија, за влез во Грција се чека речиси два часа

На Евзони се чека околу еден час и 40 минути, а на Дојран приближно час и половина. Ноќното патување овозможува побрз премин, додека обиколницата кај Солун засега е без застои.

ХАОС НА ЕВЗОНИ Колоните стигнаа до Македонија, за влез во Грција се чека речиси два часа
Фото: Национал

Граничните премини кон Грција се под силен притисок овој викенд, а најголемите гужви се регистрирани на преминот Евзони, каде што колоната возила се протега речиси до македонската страна на границата.

Според информациите што ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, за влез во Грција преку Евзони во моментов се чека околу еден час и 40 минути. Голем метеж има и на граничниот премин Дојран, каде што за излез од Македонија се чека приближно час и половина.

За патниците кои планираат да патуваат во текот на ноќта, има и позитивна информација. Според искуствата на возачите, грчките власти во ноќните часови не спроведуваат ригорозни проверки преку системот EES (Entry/Exit System), што овозможува побрз проток на возилата и пократко време на чекање.

Добра вест пристигнува и од обиколницата кај Солун. И покрај градежните работи што траат со месеци, утрово сообраќајот се одвива непречено, без поголеми застои и колони, што им олеснува на туристите патувањето кон крајбрежните дестинации.

CATEGORIES
TAGS
Share This