Програма на настани на штандот на „Чудна шума“ на Саемот на книга

Повелете на саемот на книга, кој се одржува од 8 до 14 мај во С.Ц. „Борис Трајковски“. Посетете го штандот на „Чудна шума“ во централниот дел на саемскиот простор и откријте ги нивните најнови изданија и изданијата на попуст од 20 до 75%.
Што да очекувате:
нови изданија
саемски попусти од 20 – 75%
подароци и изненадувања
претставувања на најнови изданија
дружења со нашите автори
настани за најмалите читатели
Hahnemühle Art Corner и најнови уметнички материјали
Работно време на саемот: од 10:00 до 20:00, на 14 мај – до 18:00
Саемскиот каталог можете да го видите на следниот линк: bit.ly/3xDw4Dm
Саемските попусти важат на штандот на „Чудна шума“ на Саем на книга, во кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“ како и за онлајн нарачки.
Напомена: сите онлајн нарачки ќе бидат испратени по завршувањето на саемот.
Програма на настани:
8 мај, четврток
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
9 мај, петок
17:00 – 18:00 Претставување на едицијата „Млади европски приказни“ + изненадувања за посетителите а штандот
18:00 – 19:00 Потпишување на книги од авторката Кристина Краличин
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
10 мај, сабота
12:00 – 13:00 Потпишување на книгата „Боите на виножитото“ од авторките Елена Граматикова и Ирина Атанаскова
17:00 – 18:00 Претставување на едицијата „Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)“ + изненадувања за посетителите а штандот
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
11 мај, недела
12:00 – 13:00 Мини-настан за деца „Нела Смела и Бушавата Бура“ – поврзан со истоимената сликовница
17:00 – 18:00 Потпишување на романот „Приказни од Sунливото Море“ од авторката Билјана С. Црвенковска и илустраторката Наталија Лукомска
18:00 – 19:00 Претставување на едициите „Книги на плажа“ и „Повеќе од приказна“ + изненадувања за посетителите а штандот
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
12 мај, понеделник
18:00 – 19:00 Потпишување на сликовницата „Најмалиот остров на светот“ од авторката Билјана С. Црвенковска
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
13 мај, вторник
18:00 – 20:00 радио-емисија „Книжевна лабораторија“ на радио „Стереолаб“ – во живо од штандот на „Чудна шума“ на Саем на книга
18:00 – 19:00 Потпишување на сликовницата „Потрага по храброст“ од Биљана Стојановска и Владимир Лукаш
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
14 мај, среда
Hahnemühle Art Corner во текот на целиот ден
На саемот на книга ќе бидат претставени и изданијата од проектот на „Чудна шума“ наменет за млади читатели „Млади европски приказни – YES“, кој под мотото „Кажи YES за добра книга“ промовира квалитетни изданија за деца и млади од реномирани и наградувани европски автори; како и книгите од проектот „Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)“ кој промовира изданија од наградувани европски автори наменети за три читателски публики: деца, млади и возрасни читатели.
Проектитите се кофинансирани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.


