СИНДИКАТ РЕАГИРА Не сум повикан на состанок со „сите синдикати“

Синдикат тврди дека не бил поканет на состанокот со „сите синдикати“ во Министерството за одбрана.

СИНДИКАТ РЕАГИРА Не сум повикан на состанок со „сите синдикати“
Фото: ННСПВ СО

Почитувани медиуми,

Како претседател на синдикат во Армијата и Министерството за одбрана и претседател на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје, чувствувам обврска да изнесам демант и реакција во врска со изјавите на министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, кои во изминатиот период се пренесуваат преку медиумите.

Минатата недела, на пратенички прашања, министерот изјави дека во понеделник (29.06) ќе се одржи состанок со сите синдикати во Армијата, со цел започнување на преговори за нов Колективен договор. Потоа беа објавени и фотографии од состанок, при што беше наведено дека на истиот присуствувале „сите синдикати“.

Јавноста ја информирам дека јас, Александар Насковски, претседател на НСПВ СО, не сум бил поканет на тој состанок и не сум присуствувал на истиот.

Оттука, сметам дека тврдењето дека биле присутни „сите синдикати“ не е точно и не ја одразува реалната состојба.

Наместо инклузивен и транспарентен социјален дијалог, се создава впечаток на селективен пристап, при што одредени синдикати се вклучени, а други се изоставени. Со тоа се доведува во прашање суштината на вистинскиот дијалог и еднаков третман на сите синдикални организации во системот на одбрана.

Социјалниот дијалог во Министерството за одбрана, за жал, не се спроведува на целосно инклузивен начин, што остава простор за сериозни забелешки во однос на транспарентноста и еднаквоста во процесот.

Во прилог доставувам материјали (фотографии) кои јасно ја покажуваат фактичката состојба и од кои може да се утврди дека не сум бил присутен на предметниот состанок.

Со почит,
Александар Насковски
Претседател на НСПВ СО

CATEGORIES
Share This