ПАРИ НА СИТЕ СТРАНИ Земјоделство, здравство, социјала, еве колку се дели со ребалансот

Владата го ребалансира буџетот и милијарди денари се прераспределуваат.

ПАРИ НА СИТЕ СТРАНИ Земјоделство, здравство, социјала, еве колку се дели со ребалансот
Фото: Принтскрин

Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од вчера се разгледуваат на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата, предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со овие измени се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии. Таа додаде дека ова претставува продолжување на економските политики кои, како што рече, веќе даваат позитивни резултати.

На расходната страна, вкупните трошоци се ревидирани на 425,8 милијарди денари, при што дополнителните средства се насочуваат кон јасно утврдени приоритети.

Средства се обезбедени и за повеќе други области: за субвенции во железничкиот сообраќај, поддршка на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард, каде се издвојуваат дополнителни 500 милиони денари. Дополнителна поддршка е предвидена и за најранливите категории граѓани преку 1,3 милијарди денари за социјални надоместоци, како и за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација.

Исто така, обезбедени се дополнителни 1,2 милијарди денари за здравствена заштита, од кои 600 милиони денари се наменети за исплата на обврски по основ на породилно боледување од централниот буџет.

Добра вест има и за земјоделците за кои се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции во износ од 1,4 милијарди денари, со што вкупниот буџет за оваа намена изнесува 8,7 милијарди денари.

CATEGORIES
TAGS
Share This