ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО ВЛАДАТА Кој е сменет и кои лица влегуваат во владата на 13 јули
Осум ресори на удар, започнува голема реконструкција на извршната власт.

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажана за понеделник, 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки: предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување заменици-министри во Владата и предлог за избор на нови членови на Владата. Според најавите, ќе бидат разрешени осум министри.
Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор Филков од функцијата министер за правда. Разрешување е предвидено и за Иван Стоиљковиќ од Министерството за односи меѓу заедниците, Азир Алиу од Министерството за здравство, Златко Перински од Министерството за локална самоуправа, Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Лимани од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Зоран Љутков од Министерството за култура и Шабан Салиу како министер без ресор.
На нивно место се предлагаат нови имиња во Владата. За министер за правда е предложен Јетон Шасивари, додека за Министерството за односи меѓу заедниците Агон Ферати. Иван Стоиљковиќ се предлага за министер за локална самоуправа. За министер за здравство е предложен Сашо Клековски, а за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. Досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади, додека Седат Сулејмани е предложен за министер за култура. На местото на Шабан Салиу, како министер без ресор, е предложен Ерџан Демир.
МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ – Реорганизација и на владата и на партијата


