ГОЛЕМА НАЈАВА Германија го менува селекторот, доаѓа Јирген Клоп

Германскиот фудбалски сојуз пред тешка одлука по големото разочарување.

ГОЛЕМА НАЈАВА Германија го менува селекторот, доаѓа Јирген Клоп
Фото: Принтскрин

Германската фудбалска репрезентација, според пишувањата на инсајдерот Фабрицио Романо, наводно ќе добие нов селектор, откако Јулијан Нагелсман би можел да биде разрешен од функцијата. Причина за ваквиот развој на настаните е разочарувачкиот настап на Германија на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, каде четирикратниот светски првак беше елиминиран уште во осминафиналето од Парагвај, по пенали (1:1 по 120 минути). Тоа беше првпат Германија да загуби во пенал-серија на светско првенство.

По ваков неуспех, се смета дека е можно Нагелсман да ја преземе одговорноста за резултатот, а неговото заминување сè почесто се споменува во јавноста. Како главен кандидат за негов наследник се посочува Јирген Клоп. Според најавите, постои можност тој да ја преземе селекторската функција доколку дојде до раскин со Нагелсман. Иако Нагелсман има договор до 2028 година, односно до крајот на Европското првенство, сценариото за промена не е исклучено доколку резултатите се оценат како незадоволителни.

Дополнително, Клоп моментално е ангажиран во системот на „Ред Бул“, но германски „Марка“ наведува дека во неговиот договор постои клаузула што му овозможува да замине доколку добие повик од германската репрезентација. Единствена поголема пречка би можела да биде високата плата на Нагелсман, која изнесува околу 7 милиони евра годишно, што би влијаело на евентуалната разделба.

CATEGORIES
Share This