ПО ЧЕТВРТ ВЕК ПАУЗА – МВР повторно отвора школа за полицајци
Објавен конкурс за 200 редовни ученици во обновеното Средно полициско училиште „7-ми Мај“.

МВР објави јавен јавен повик за прием на 200 редовни ученици во обновеното Средно полициско училиште „7-ми Мај“, кое повторно почнува со работа по пауза од 25 години.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, интерес за запишување има за ученици кои ќе го продолжат своето средно образование во Полициската академија.
Образовната програма ќе трае две учебни години и ќе ги опфати третата и четвртата година од средното образование. Право на пријавување ќе имаат кандидати кои завршиле прва и втора година средно училиште, а по исполнување на условите ќе можат да го продолжат своето школување во ова специјализирано полициско училиште.
Од МВР информираат дека, во зависност од потребите на институцијата, ќе остане отворена и можноста паралелно да продолжи досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.


