ТРАМП ЗАРАБОТИ 1,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Криптовалутите му донесоа стотици милиони, откриен финансискиот извештај

Финансиската пријава открива како дигиталните средства станаа нов милијардерски извор за американскиот претседател.

ТРАМП ЗАРАБОТИ 1,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Криптовалутите му донесоа стотици милиони, откриен финансискиот извештај
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил приходи поголеми од 1,4 милијарди долари, а најголем дел од средствата потекнуваат од криптовалути и дигитални проекти, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на финансиската пријава доставена до американската Канцеларија за владина етика.

Според документите, компаниите поврзани со Трамп оствариле речиси 800 милиони долари приходи од крипто-проектот World Liberty Financial, кој го основал заедно со своите синови. Од таа сума, повеќе од 520 милиони долари се приходи од продажба на крипто-токени, додека над 250 милиони долари доаѓаат од продажба на удел во компанијата. Дополнително, Трамп пријавил и околу 635 милиони долари приходи од продажбата на сопствената мем-криптовалута $TRUMP.

Според „Ројтерс“, криптовалутите имаат огромно влијание врз финансиската состојба на американскиот претседател. Во претходната финансиска пријава, Трамп пријавил 57,35 милиони долари приходи од токените на World Liberty Financial, додека во последниот извештај сумата е речиси девет пати поголема. Агенцијата претходно објави дека семејството Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од различни крипто-проекти откако тој повторно ја презеде претседателската функција во 2025 година.

Освен од дигиталните средства, Трамп пријавил значителни приходи и од други активности. Меѓу нив се над 80 милиони долари од договори и спогодби со медиумски компании и околу 52 милиони долари од компанија која го користи неговото име во недвижности на странски пазари, особено преку партнери од Блискиот Исток.

Белата куќа ги отфрли критиките дека деловните активности на семејството Трамп создаваат конфликт на интереси. Портпаролката Ана Кели изјави дека претседателот Трамп „ги направил САД светска престолнина на криптовалутите“ и дека сите одлуки на администрацијата се носат во интерес на американските граѓани.

Покрај приходите од криптовалути и други бизниси, Трамп продолжува да остварува значајни средства и од традиционалните активности. Само неговите голф-терени и туристички комплекси минатата година донеле повеќе од 500 милиони долари приходи.

СКАНДАЛ ОД 2,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Како семејството Трамп заработувало од крипто-хаосот

CATEGORIES
TAGS
Share This