ПАДНА ПРВАТА ГОЛЕМА ЖРТВА НА МУНДИЈАЛОТ Куман си замина од Холандија по шокантната елиминација

Лалињата“ беа елиминирани од Мароко по пенали, а критиките за стилот на игра го натераа селекторот да се повлече.

ПАДНА ПРВАТА ГОЛЕМА ЖРТВА НА МУНДИЈАЛОТ Куман си замина од Холандија по шокантната елиминација
Фото: Принтскрин

Роналд Куман повеќе не е селектор на Холандија. Искусниот стратег си поднесе оставка по неуспехот на Светското првенство, каде што „лалињата“ доживеаја елиминација уште во првата нокаут-фаза.

Холандија не успеа да го продолжи патот на Мундијалот, откако беше поразена од Мароко во драматична пенал-серија со 3-2. По 90 минути игра резултатот беше 1-1, а победникот беше решен од белата точка.

По завршувањето на турнирот, Куман се соочи со сериозни критики од холандската јавност и медиумите, кои му забележаа дека националниот тим се оддалечил од традиционалниот напаѓачки стил. Сепак, селекторот остана на своите одлуки и порача дека не би променил ништо во пристапот, дури и доколку повторно би се нашол во истата ситуација.

Со оставката завршува неговиот втор престој на клупата на холандската репрезентација. Куман се врати на селекторската позиција во 2023 година, кога го замени Луј ван Гал, а во двата мандати ја предводеше Холандија на 64 натпревари.

Со овој број на натпревари, Куман останува втор селектор со најмногу натпревари на клупата на Холандија, зад единствено Боб Гленденинг.

CATEGORIES
Share This