ТРЕБАШЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗАТВОР НА 2 ЈУЛИ, НО СЕ СЛУЧИ ПРЕСВРТ Јакимовски побара одложување на казната

Поранешниот градоначалник на Карпош побара одложување на казната, а судот сè уште ја разгледува медицинската документација.

ТРЕБАШЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗАТВОР НА 2 ЈУЛИ, НО СЕ СЛУЧИ ПРЕСВРТ Јакимовски побара одложување на казната
Фото: Национал

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да замине во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, иако неговото упатување на издржување на казната беше планирано за 2 јули.

Јакимовски поднел барање за одложување на затворската казна поради здравствени причини, а од Кривичниот суд информираа дека неговото заминување во затвор ќе биде одложено сè додека не биде донесена одлука по барањето.

Судијата за извршување санкции во моментов ја проверува медицинската документација доставена од Јакимовски. Од судот посочуваат дека биле испратени барања до двете приватни здравствени установи кои ја издале документацијата, прво на 15 јуни, а потоа и со ургенција на 26 јуни, но одговорите сè уште не се пристигнати.

„Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи се поднесени барања за проверка, по кои сè уште се очекува одговор, за да може да биде донесена соодветна одлука“, информираат од Кривичниот суд.

Јакимовски неодамна беше правосилно осуден на една година затворска казна со одлука на Апелацискиот суд, во предмет поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.

Сепак, тој нема да ја издржува целата едногодишна казна, бидејќи во неа ќе му биде пресметано и времето од пет месеци поминато во притвор. Доколку биде упатен на издржување на казната, во затворот во Шуто Оризари би требало да помине уште околу седум месеци.

CATEGORIES
TAGS
Share This