ЕВРОПА ВО ГОТОВНОСТ – НАТО повлече потег што ја менува одбраната на Балтикот

Формирањето на дополнителниот штаб е претставено како доказ за единството и подготвеноста на Алијансата да ги брани своите членки.

ЕВРОПА ВО ГОТОВНОСТ – НАТО повлече потег што ја менува одбраната на Балтикот
Фото: Принтскрин

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека формирањето дополнителен штаб на НАТО за одбраната на Балтикот претставува јасна порака за посветеноста на Алијансата да го брани „секој сантиметар од сојузничката територија“.

Писториус, кој зборуваше во Естонија за време на церемонијата на НАТО, оцени дека новата структура е „видлива и силна демонстрација на единство, подготвеност и колективна решителност“ на сојузниците.

„Ова е доказ дека НАТО е подготвен да ги брани своите членки и да одговори на сите предизвици“, порача германскиот министер, пренесува „Ројтерс“.

На церемонијата беше извршено и предавање на командата над сојузничките копнени сили во Латвија и Естонија на германско-холандскиот корпус.

До овој момент, силите на НАТО распоредени во Естонија, Латвија, Литванија и северниот дел на Полска беа координирани преку мултинационалниот штаб со седиште во Шчеќин, Полска. Новиот потег треба да овозможи поспецијализирана и поефикасна координација на одбраната на балтичкиот регион.

CATEGORIES
TAGS
Share This