ТАЈНА ЗАД ЕКСПЛОЗИЈАТА Познат украински олигарх повреден во напад во Монако

Осомничениот оставил пакет со експлозивна направа во лобито на зградата, а потоа побегнал кон Франција.

ТАЈНА ЗАД ЕКСПЛОЗИЈАТА Познат украински олигарх повреден во напад во Монако
Фото: Принтскрин

Украинскиот олигарх Вадим Ермолаев е меѓу тројцата повредени во експлозијата што во понеделник вечерта одекна во станбена зграда во Монако, соопштија локалните власти.

Според информации од истрагата, Ермолаев се наоѓа меѓу повредените лица во инцидентот во кој две лица се здобиле со тешки повреди, додека 13-годишно момче поминало со полесни повреди.

Според обвинителството во Монако, осомничениот оставил торба или пакет во лобито на зградата, во кој се наоѓала експлозивна направа, а потоа ја активирал и избегал од местото.

Осомничениот бил идентификуван преку снимките од безбедносните камери. Според истражителите, тој по експлозијата ја напуштил областа и преминал во соседниот француски град Босолеј.

Властите соопштија дека станува збор за прв ваков инцидент во историјата на Монако. Во истрагата се вклучени и француските безбедносни служби, а се проверуваат сите можни мотиви за нападот.

Повредените биле пренесени на лекување во болници во Ница, додека безбедносните мерки во Монако се дополнително засилени.

CATEGORIES
Share This