ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Проверете дали вашата улица е на списокот
Поради реконструкција и дефект, прекин на водоснабдувањето ќе има во Бардовци, на дел од улицата „Народен Фронт“ и улицата „Васил Ѓорѓов“.
Жителите на населбата Бардовци и делови од централното градско подрачје денеска ќе останат без вода поради планирани работи и дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во Бардовци водоснабдувањето ќе биде прекинато поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа. Прекинот ќе трае од 01:00 до 10:00 часот.
Дополнително, поради дефект на затворач со пречник од 150 милиметри на улицата „Народен Фронт“ бр. 21, без вода ќе останат корисниците на дел од улицата „Народен Фронт“, на потегот од Домот на печат до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.
Во овој дел од градот прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 08:30 часот и ќе трае сè до завршување на санацијата на дефектот. Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за своите потреби.


