ДО 39 СТЕПЕНИ, А ПОПЛАДНЕ ПРЕСВРТ Следуваат дожд, грмежи и можен град
УХМР најавува сончево и многу топло време, но попладне во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност.

Македонија денес (30 јуни) ќе се соочи со вистински летен контраст – претпладне сонце и температури до 39 степени, а попладне на повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и локално невреме.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 15 степени, додека дневните ќе достигнат до 39 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а во попладневните часови атмосферата ќе стане нестабилна. Се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, а на одделни места има услови и за краткотрајно невреме проследено со појава на град.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


