ДРАМА ВО 92. МИНУТА Канада испиша историја и прва обезбеди осминафинале

Еустакио погоди во 90+2 минута за минимална победа над Јужна Африка (1:0), а Канаѓаните како прва репрезентација обезбедија место во осминафиналето на Светското првенство.

ДРАМА ВО 92. МИНУТА Канада испиша историја и прва обезбеди осминафинале
Фото: Принтскрин

Канада стана првата репрезентација што обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата на Јужна Африка во драматичен натпревар.

Дуелот ќе остане запишан во историјата бидејќи за првпат домаќин на Мундијал одигра натпревар надвор од својата земја. Иако Канада е еден од организаторите на шампионатот, натпреварот се одигра во Лос Анџелес, каде што Канаѓаните успеаја да стигнат до голема победа.

Херој на канадската репрезентација беше Стивен Еустакио, кој во втората минута од судиското продолжение го постигна единствениот погодок на средбата и ја испрати својата селекција во нокаут-фазата.

Канада беше подобар противник во текот на целиот натпревар, создаде повеќе шанси и упати 12 удари кон противничкиот гол, од кои седум беа во рамките. Јужна Африка во неколку наврати се спаси благодарение на интервенции од самата гол-линија, но не успеа да го издржи притисокот до последниот свиреж.

Во осминафиналето Канада ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Холандија и Мароко, во обид да го продолжи својот историски настап на Светското првенство.

CATEGORIES
Share This