ДЕНЕСКА НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПРИЧИНА Температурите одат до 38°C

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер и максимални температури до 38 степени низ земјава.

ДЕНЕСКА НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПРИЧИНА Температурите одат до 38°C
Фото: Национал

Денеска (30.06) низ Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, а утринските температури ќе се движат од 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а високите температури ќе бидат карактеристични и за главниот град.

CATEGORIES
Share This