ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС НА МУНДИЈАЛОТ 2026 Африка испиша историја со рекорд кој ќе се памети
Дури девет африкански репрезентации обезбедија место во елиминациската фаза, што е рекорд во историјата на Светските првенства.

Африканскиот фудбал испиша нова страница во историјата на Светските првенства. За првпат досега, дури девет репрезентации од овој континент обезбедија пласман во нокаут фазата на Мундијалот.
Меѓу најдобрите селекции во светот продолжуваат Алжир, Зеленортските Острови, ДР Конго, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал и Јужна Африка.
Единственото африканско разочарување во групната фаза беше Тунис. Оваа репрезентација го заврши настапот на Светското првенство 2026 на последното, четврто место во Групата Ф, без освоен бод по трите одиграни натпревари.
Особено значаен е фактот што за пет од деветте африкански селекции ова е историски момент. ДР Конго, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка, Египет и Зеленортските Острови за првпат во својата историја успеаја да се пласираат во елиминациската фаза на Мундијалот.
Најголемо изненадување е Зеленортските Острови, чија репрезентација го бележи првиот настап на завршницата на Светското првенство во историјата на државата и веднаш обезбеди место меѓу најдобрите.


