105 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Македонскиот великан кој загина во братоубиствена пресметка

Револуционерот, идеолог и публицист целиот свој живот го посвети на идејата за самостојна и независна Македонија, а неговата смрт остана една од најтрагичните страници во македонската историја.

105 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Македонскиот великан кој загина во братоубиствена пресметка
Фото: Принтскрин

На денешен ден, 28 јуни 1921 во Софија е убиен Ѓорче Петров кој целиот живот го посвети на борбата за самостојна и независна Македонија. Учесник во Илинденското востание иако заедно со Гоце Делчев, Пере Тошев не се слагале за подигнување на востанието, бидејќи, сметале дека во тој момент организацијата сеуште не е спремна и не е доволно наоружана да го крене востаните.

Меѓутоа, наспроти ова, учествувал со своја чета во прилепско-мариовскиот крај. Учесник во балканските војни, сведок на трагичната поделба на Македонија после балканските војни од соседите Бугарија, Грција и Србија. Учесник, исто така, и во Првата светска војна.

Во 1921 година, за жал трагична е судбината и на Ѓорче Петров како голем број македонски револуционери кои што загинале од раката на Македонци во тие братоубиствени војни кои што се случувале во Софија во дваесетите години на минатиот век.

Впрочем, тажна е судбината на сите македонски револуционери кои како што знаеме во историјата, загинувале од тоа што биле опколени од многуброен турски аскер, па, не сакајќи да се предадат сами си го одземале животот или како во случајот со Ѓорче Петров кога биле убиени од македонска рака, од наши Македонци во тие братоубиствени војни.

Ѓорче Петров целиот свој живот го посветил на идејата за самостојна и независна Македонија, Дури, за него може да се каже дека е најупорниот од сите македонски револуционери да се опстане на идејата за самостојна и независна Македонија.

Ѓорче Петров уште со основањето на организацијат во 1893 година, значи само по една година по основањето во Солун, се приклучува на организацијата и ќе остане верен на идеалите се до својата насилна смрт во Софија во 1921 година. Бил еден од водечките луѓе во организацијата, главен аналитичар, публицист кој што е автор на повеќе правилници и уставот на Македонската револуционерна организација заедно со Гоце Делчев.

Затоа оваа генерација Македонци има голема обврска да продолжи по патот кој што го трасираа македонските великани, македонските револуционери како што е Ѓорче Петров, Гоце Делчев…и сите тие кои што го трасираа патот за самостојна и независна Македонија. Нивното дело беше остварено, тие ја создадоа организацијата, го создадоа делото, а делото е независна и самостојна македонска држава. Обврска денеска е голема на оваа генерација Македонци, да ја сочува Македонија во обидот на непријателите на македонското дело да бришат се што е македонско.

Нека е жив споменот на Ѓорче Петров!
Нема е вечна Република Македонија!

CATEGORIES
TAGS
Share This