ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ЛИСИЧЕ И КУКЛИШ Еве кога се очекува нормализација
Дефекти на водоводната и електричната мрежа предизвикаа прекини, екипите се на терен и работат на санација.

Жителите на дел од населбата Лисиче денеска (28.06.2026) ќе останат без водоснабдување поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мите Богоевски“ број 44.
Од надлежните служби информираат дека прекинот започнал во 06:00 часот и ќе трае до целосното завршување на санациските работи. Екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализација на водоснабдувањето се очекува веднаш по завршувањето на интервенцијата.
Во прекин со водоснабдување е и селото Куклиш, каде проблемот е предизвикан од дефект на високонапонските осигурувачи во трафостаницата.
Од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица информираат дека нивните екипи, заедно со тимови на ЕВН, работеле до доцна во ноќта на лоцирање на дефектот, а од утринските часови продолжиле со активностите за негово отстранување.
Според најавите, жителите на Куклиш се очекува да останат без вода до попладневните часови. Веднаш по санирањето на проблемот, водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено.
Надлежните апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека траат интервенциите.


