ПЕКОЛНИ 38 СТЕПЕНИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА Денес ќе биде вистински предизвик да се излезе надвор

Летната жештина продолжува и низ земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и високи дневни температури.

ПЕКОЛНИ 38 СТЕПЕНИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА Денес ќе биде вистински предизвик да се излезе надвор
Фото: Принтскрин

Македонија и денес (28 јуни) под силно летно сонце. Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе се движат од 14 степени, додека максималните ќе достигнат дури 38 степени, што ќе го направи денот еден од најжешките во периодов.

Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови претежно од источен, а во источните од променлив правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Граѓаните се советуваат да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

CATEGORIES
Share This