ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Црното злато падна на најниско ниво од февруари
Зголемениот транспорт на танкери низ Ормутскиот Теснец и сигналите за напредок во разговорите меѓу САД и Иран ги намалија стравувањата од прекин на снабдувањето

Фото: Принтскрин
Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа пад, достигнувајќи го најниското ниво од крајот на февруари.
Меѓународниот репер „Брент“ се тргуваше по цена од 72,56 долари за барел, додека американската нафта WTI падна на 69,48 долари за барел.
Според „Трејдинг економикс“, намалувањето на тензиите околу глобалното снабдување со енергенси е резултат на зголемениот сообраќај на танкери низ Хормутскиот Теснец, како и сигналите за напредок во разговорите меѓу САД и Иран.
Овие случувања ги намалија стравувањата кај инвеститорите од можни прекини во испораките на нафта и придонесоа за пад на цените на енергетските пазари.
ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЈА СМЕНИ ИГРАТА Нафтата поевтини, еве што се случува на пазарите
CATEGORIES Бизнис


