НЕМАМ ВОДА ВО ОЧИ, СОБИРАМ ЗА ЛЕКОВИ Потресна исповед на Јанко Илковски која ги трогна неговите фанови

Илковски сподели емотивна порака за здравствената битка и објасни кои се неговите вистински приоритети.

НЕМАМ ВОДА ВО ОЧИ, СОБИРАМ ЗА ЛЕКОВИ Потресна исповед на Јанко Илковски која ги трогна неговите фанови
Фото: Принтскрин

Познатиот македонски водител Јанко Илковски, јавноста познат како авторот и водител на култната емисија „Јади Бурек“, повторно ги трогна своите следбеници со искрена порака за животната битка со која се соочува. Илковски, кој подолго време е отсутен од телевизиските екрани поради здравствени проблеми, преку социјалните мрежи откри детали за своето секојдневие и за приоритетите во овој тежок период.

Повод за неговата исповед беа фотографиите од посетата на автосалон, каде што разгледуваше нови автомобили. По реакциите на јавноста, тој реши отворено да објасни дека зад објавата не стои желба за покажување луксуз, туку само краток момент на радост.

„Сакав само да бидам како некоја инфлуенсерка во убава кола“, напиша Илковски.

Тој објаснува дека станувало збор за пријателска поддршка кон луѓето од салонот, а не за реална можност да си дозволи нов автомобил.

„Јас немам вода во очи, а не па пари за кола. Собирам пари за лекови, зафати, а со време и за гробно место, барем да им олеснам на моите за случај на мое заминување. Тоа се моите практични приоритети“, порача тој.

Водителот додаде дека и покрај сите тешкотии, не сака да се жали и останува благодарен за поддршката што ја добива.

„Среќен сум, благодарен сум, не се жалам и не ми замерувајте. Борбата со болеста бара смирение, но и средства за лекарства и зафатите што ме очекуваат“, напиша Илковски.

Ден претходно, Јанко сподели дека бил во сервис поради мала поправка на неговиот стар автомобил „Цитроен“ од 2001 година. Додека чекал, разгледувал нови модели во салонот и си дозволил краток момент на мечтаење.

„Ако ги надминам премрежијава здравствени и сè биде во ред… ќе земам кредит. Наскоро ми е време од стариот Цитроен да се збогувам и да купам нешто ново“, напиша тој, прашувајќи ги следбениците дали би избрале џип или лимузина.

Неговата објава повторно ја потсети јавноста на долгогодишните предизвици со кои се соочува, меѓу кои и проблемите со работниот стаж и неплатените придонеси низ неговата медиумска кариера. И покрај сè, Илковски останува активен преку интернетот и најавува дека сака да продолжи со својата работа и комуникација со публиката. Неговата искреност предизвика голем број пораки за поддршка, а јавноста му посака сила, здравје и успешно справување со предизвиците што му претстојат.

CATEGORIES
Share This