СКОПСКИ ВОДОВОД СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ Подгответе се, вода ќе нема до утре

Санацијата започнува денеска во 18 часот, а прекинот ќе ги опфати корисниците на неколку скопски улици.

СКОПСКИ ВОДОВОД СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ Подгответе се, вода ќе нема до утре
Фото: Принтскрин

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска од 18 часот, доколку се создадат потребните технички услови, ќе започне санација на два затворачи со дијаметар од Ф400 и Ф500 милиметри на улицата „Никола Парапунов“.

Поради интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците на улицата „Никола Парапунов“, како и делови од улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“.

Од претпријатието најавуваат дека нормализирање на снабдувањето со вода се очекува во сабота околу 12 часот.

Доколку не се исполнат потребните технички предуслови, санацијата ќе биде одложена за друг термин, велат од скопски „Водовод“.

CATEGORIES
Share This