ДЕНЕС ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ ПОБЕДНИКОТ Кој ќе ја освои најпрестижната поетска награда во Македонија?
Петмина автори се во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“, која ќе биде врачена во рамки на 65. Струшки вечери на поезијата.

Во рамки на 65. јубилејно издание на „Струшките вечери на поезијата“, програмата денеска (26 јуни) продолжува со низа поетски настани во Охрид и Струга, а во фокусот ќе биде прогласувањето на добитникот на престижната награда „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга.
Денот започнува со меѓународното поетско читање „Матине“, кое ќе се одржи во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, по што учесниците ќе ги посетат најзначајните културно-историски знаменитости на градот.
На прес-конференција организаторите ќе го објават лауреатот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во најтесниот избор се најдоа пет поетски книги: „Меко трње“ од Марија Ангеловска, „Во куќата“ од Николина Андова Шопова, „Длабок простор“ од Зоран Анчевски, „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска и „Болна земја“ од Братислав Ташковски.
На конкурсот за наградата годинава учествуваа 35 автори со вкупно 37 поетски книги, објавени во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година.
Фестивалската програма продолжува со поетското читање „Плејади“, поетски портрети, меѓународното читање „Кругови 2“, како и традиционалната „Ноќ без интерпункција“, на која ќе настапат поети застапени во антологијата „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски, како и авторите што конкурираат за наградата ЕНХАЛОН.
ПОЕТИ, ЛАУРЕАТИ И МЕЃУНАРОДНИ ГОСТИ Струга денес е центарот на светската книжевност


