ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Но има едно важно предупредување

Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини, додека на повеќе патни делници во земјата се изведуваат градежни работи и важи времен режим на сообраќај.

ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Но има едно важно предупредување
Фото: Национал

Денеска (26 јуни) сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија утрово се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите возила до 3,5 тони.

Од 1 јули до 31 август ќе важи летниот режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила над 15 тони за време на викендите и во денови со екстремно високи температури. Дополнително, на магистралниот пат А2 Скопје – Охрид до 1 септември ќе важат посебни ограничувања за товарни возила потешки од 7,5 тони, со цел побрз проток на туристичкиот сообраќај.

Во тек се повеќе градежни активности на државните патишта, меѓу кои санација на мостови на делницата Гостивар – Стража, мостовите кај Желино на автопатот А2, работи на интерконективниот гасовод на делницата Смоквица – Гевгелија, рехабилитација на скопската обиколница, санација на свлечиште на патот Косоврасти – Мелнички Мост, како и активности на Коридорот 10Д на патниот правец Прилеп – Битола. На сите овие делници е воспоставен времен режим на сообраќај и поставена е соодветна сигнализација.

CATEGORIES
Share This