ПЕКОЛНИ 37 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Еве кога доаѓаат дождот и грмежите
УХМР најавува сончево и многу топло време, но со локална нестабилност во вториот дел од денот.

Фото: Принтскрин
Денеска (26 јуни) Македонија ја очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските температури ќе се движат од 14, а дневните ќе достигнат до 37 степени.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер, додека ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


