ПОТРОШЕНИ 500.000 ЕВРА ЗА ДА СЕ ОТКРИЕ ТОПЛАТА ВОДА Иванов откри дека мирот е добар, војната е лоша

Скопје три дена беше центар на меѓународниот дијалог за мир, безбедност и соработка.

ПОТРОШЕНИ 500.000 ЕВРА ЗА ДА СЕ ОТКРИЕ ТОПЛАТА ВОДА Иванов откри дека мирот е добар, војната е лоша
Фото: Принтскрин

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“.

Национал од извори во кабинетот на Иванов дознава дека поранешниот претседател потрошил 500.000 евра државни пари за организацијата и присуството на бројните странски гости на оваа меѓународна конференција.

Настанот собра поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија, кои дискутираа за глобалните безбедносни предизвици, економската соработка, културната размена, дигиталната трансформација и улогата на младите во современото општество.

На свеченото отворање, Ѓорге Иванов нагласи дека мирот и стабилноста можат да се градат единствено преку дијалог, почитување на различностите и заедничка одговорност. Пред присутните се обратија и вицепремиерот Љупчо Димовски, амбасадорката на Кина Џијанг Сјаојан и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање, Лиу Хонгцаи.

Во рамки на конференцијата беа одржани пет тематски панели. Првиот беше посветен на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, при што учесниците разговараа за геополитичките кризи, улогата на меѓународните институции и потребата од обновување на довербата меѓу државите.

Вториот панел се фокусираше на економскиот развој на Кина и соработката со земјите од Централна и Источна Европа, со акцент на инфраструктурното поврзување, трговската размена и образовната соработка како двигатели на одржливиот развој.

Културната дипломатија и цивилизациската размена беа во центарот на третата дискусија, каде беше истакнато дека културата останува еден од најсилните инструменти за надминување на предрасудите и јакнење на меѓусебното разбирање.

Вториот ден од конференцијата беше посветен на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и нивното влијание врз образованието, економијата и општеството. Панелистите оценија дека технолошкиот напредок треба да биде во служба на развојот на човечкиот потенцијал и општествената благосостојба.

На завршниот панел, посветен на младите во променлив и турбулентен свет, беше нагласена нивната улога како двигатели на позитивните општествени промени, преку лидерство, претприемништво, иновации и активна граѓанска ангажираност.

Во заклучоците од конференцијата беше потенцирана потребата од поголема меѓународна соработка, заемна доверба, културна размена и партнерства меѓу државите, институциите и граѓанскиот сектор како предуслов за мирна и стабилна иднина.

Организаторите упатија благодарност до сите говорници, панелисти и учесници, истакнувајќи дека дијалогот останува најсилниот инструмент за градење мир, разбирање и соработка меѓу народите.

Со оглед на тоа што се потрошени големи буџетски средства, јавноста со право реагира на вакви настани кои немаат апсолутно никава корист во однос на заштитата и одбраната на македонските национални инетерси

 

ИВАНОВ БИЛ ПАРТИСКИ ПИУН Стразбур ја оцени аболицијата на Иванов како удра врз владеење на правото

CATEGORIES
TAGS
Share This