НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА И ПРЕНАСОЧУВАЊА НА ПАТИШТАТА Еве каде ќе возите побавно

На граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила, додека на останатите премини нема подолги задржувања.

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА И ПРЕНАСОЧУВАЊА НА ПАТИШТАТА Еве каде ќе возите побавно
Фото: Национал

Денеска (25.06) сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а зголемена фреквенција на возила е забележана на граничниот премин „Богородица“. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата што минуваат низ клисури, котлини и речни долини, каде постои можност за појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април за сообраќај е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица. По оваа делница можат да се движат сите видови возила со тежина до 3,5 тона.

На автопатот А2, на делницата Гостивар – Стража, продолжува санацијата на повеќе мостови и вијадукти, поради што е воведен времен режим на сообраќај до завршување на работите.

Градежни активности се изведуваат и на мостовите на реката Вардар во близина на село Желино, како и на автопатот А1 „Пријателство“ на делницата Смоквица – Гевгелија, каде се работи на премин на интерконективен гасовод.

На скопската обиколница, на државниот пат А2, се врши рехабилитација на коловозот на потегот меѓу клучките Волково и Кондово. Поради работите, затворена е левата лента за претекнување, а сообраќајот се одвива по средната и десната лента.

Во сила останува и времената измена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост поради санација на свлечиште.

Како дел од изградбата на Коридорот 10Д, во тек е времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп – Битола. Возилата се пренасочуваат по регионалниот пат на потегот од клучката Лагово до Тополчани, согласно поставената сообраќајна сигнализација.

CATEGORIES
Share This