СРЕДБА ШТО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ НОВИ МОЖНОСТИ Божиновска со шпанскиот амбасадор и директорот на „Сервантес“

Министерката за енергетика истакна дека ваквите средби отвораат простор за нови форми на соработка и размена на искуства.

СРЕДБА ШТО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ НОВИ МОЖНОСТИ Божиновска со шпанскиот амбасадор и директорот на „Сервантес“
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, беше дел од приемот организиран од амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Во фокусот на средбата беа културната дипломатија и значењето на институционалната соработка како важни алатки за продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и Шпанија.

Божиновска посочи дека ваквите настани претставуваат можност за размена на искуства, отворање нови перспективи за соработка и дополнително зајакнување на партнерството меѓу двете земји во различни области.

Таа упати благодарност за поканата и гостопримството, оценувајќи ја средбата како значаен придонес кон понатамошното унапредување на билатералните односи.

CATEGORIES
Share This