ГОЛЕМИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПАТИШТАТА Еве каде сообраќајот е изменет

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но на повеќе делници се во сила времени режими поради градежни активности.

ГОЛЕМИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПАТИШТАТА Еве каде сообраќајот е изменет
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 23 јуни е воведен времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на железничката пруга кај Лознани. Поради градежни работи, сообраќајот е пренасочен од магистралниот на регионалниот пат.

АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои опасност од одрони. Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април за сообраќај повторно е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица за сите возила со тежина до 3,5 тони.

Во меѓувреме, на повеќе патни делници низ државата се реализираат градежни активности и санации на мостови, свлечишта и друга патна инфраструктура. Времени режими на сообраќај се во сила на делниците Гостивар – Стража, кај Желино, на автопатот Смоквица – Гевгелија, на скопската обиколница, како и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост.

Дополнително, во рамки на изградбата на Коридорот 10Д, продолжува пренасочувањето на сообраќајот на дел од патниот правец Прилеп – Битола, од клучката Лагово до Тополчани, каде исто така е воспоставен времен режим на движење.

CATEGORIES
Share This