(ВИДЕО) БАЧЕВ СО ПОРАКА ШТО ОДЕКНА Бев спремен за плата од 1 денар да расчистам со двајцата најголеми бандити
Бачев откри дека бил подготвен да ја преземе функцијата и под минимални услови, но тврди дека законските услови биле променети.

Професорот и претседател на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку краток видеоизвадок објавен на Фејсбук од неговото гостување во емисијата „Под лупа“ на Алфа телевизија, говори за тоа каков профил на Државен обвинител ѝ е потребен на Македонија за, како што вели, да тргне во вистинска насока.
Бачев нагласува дека без целосно расчистување со, според него, одговорните за најголемите политички и економски штети врз државата, нема вистински напредок.
„Потребно е решение за двајцата најголеми бандити и предавници. Бев подготвен да работам и за плата од еден денар, но беше избришана законската одредба која ми овозможуваше, како универзитетски професор со најмалку 10 години стаж и положен правосуден испит, да се кандидирам за државен обвинител“, истакнува Бачев.
Тој додава дека во изминатите три децении, според неговото мислење, Македонија нема асален обвинител способен да се справи со најголемите случаи, туку живи карикатури од обвинители.
Кратката видео изјава на професорот Бачев.


