НЕВРЕМЕ ЈА НАПАЃА МАКЕДОНИЈА По жештините доаѓаат дожд, грмежи и можен град
УХМР најавува сончево и топло претпладне, но нестабилно време во вториот дел од денот.

Фото: Принтскрин
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од 11 до 38 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови, под влијание на циклонска активност со центар над Турција, се очекува развој на нестабилна облачност. На повеќе места ќе има појава на дожд и грмежи, проследени со засилен ветер, а локално се можни и врнежи од град.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се очекува зголемена нестабилност со услови за локален дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


