ОХРИД ДОБИВА НОВА АВИОНСКА ЛИНИЈА Од денеска директно до европска престолнина

Новата авиолинија Охрид – Виена ја започнува „Остријан ерлајнс“, а патниците добиваат директна врска со Австрија и светот.

ОХРИД ДОБИВА НОВА АВИОНСКА ЛИНИЈА Од денеска директно до европска престолнина
Фото: Принтскрин

Од денеска Охрид добива нова директна воздушна врска со австриската престолнина. Официјално стартува авиолинијата Охрид – Виена, која ќе ја реализира авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“.

По повод првиот лет од Виена, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе биде одржана прес-конференција, на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во Скопје, Матијас Хуменбергер, како и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.

Новата авиолинија се очекува да придонесе за поголема туристичка промоција на Охрид и регионот, но и за полесно поврзување со европските и светските дестинации.

Патниците од Охрид и околината отсега ќе имаат можност за директно патување до Виена, а преку мрежата на „Луфтханза“ и пристап до бројни меѓународни летови.

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА АВИО-ХИТ Аеродромите меѓу најуспешните во Европа

CATEGORIES
Share This