ВОо 10:24 ЧАСОТ СЕ СЛУЧИ ПРЕСВРТ Летото пристигна, еве што нè очекува
Денеска Сонцето е најсеверно во однос на Земјата, а жителите на северната хемисфера го имаат најдолгиот ден и најкратката ноќ.

Летото официјално пристигна на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија. Денеска, 21 јуни, во 10 часот и 24 минути настапи летната краткоденица и астрономскиот почеток на најтоплата сезона во годината.
Со овој момент Сонцето ја достигнува својата најсеверна точка во однос на Земјата, поради што денешниот ден е најдолг, а ноќта најкратка во годината. Додека на северната хемисфера започнува летото, на јужната страна од планетата пристигнува зимата.
Во следните месеци нè очекуваат повеќе сончеви денови, високи температури и можности за активности на отворено. Летото за многумина е синоним за одмори, патувања, престој покрај море, езеро или планина, но и за повеќе време поминато со најблиските.
Оваа сезона традиционално носи нови доживувања, одмор од секојдневието и создавање незаборавни спомени.


