ЖЕШТИНАТА УДИРА СО ПОЛНА СИЛА Температурите денеска до 37 степени
Метеоролозите најавуваат сончево и многу топло време, а во северозападните делови попладне се можни локален дожд, грмежи и ретка појава на град.

Фото: Национал
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска (21 јуни) времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните ќе достигнат од 30 до 37 степени Целзиусови.
Во попладневните часови во крајните северозападни делови од земјата ќе има услови за локална појава на дожд, грмежи и ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во западните региони повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија


