ОПЕРАЦИЈА СИНДОР Започна војна меѓу Индија и Пакистан
Напнатоста меѓу двете нуклеарно вооружени држави повторно е во пораст, а меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение на конфликтот.

Индиските воздухопловни сили во раните утрински часови извршија ракетен напад на неколку цели на територијата на Пакистан, јавува пакистанската телевизија Гео ТВ. Според информациите, цел на нападот биле три позиции во Пакистан и области под пакистанска контрола.
Според соопштението, нападот се случил рано наутро, а индиската армија подоцна потврди дека е извршена воена операција под кодно име „Синдур“. Според индиските воени власти, целта на нападот биле позиции што, како што наведуваат, се користеле за подготовка на „потенцијални терористички активности“. Притоа индиската влада истакна дека дејствијата биле „прецизни, одмерени и неескалирачки по природа“, нагласувајќи дека не биле целени пакистански воени објекти.
Според индиските власти, нападите биле насочени кон терористички кампови за кои се тврди дека се користат за планирање и извршување на напади врз Индија. Владата на Индија истакна дека дејствијата биле „прецизни, одмерени и неескалирачки по природа“, нагласувајќи дека не биле целени пакистански воени објекти.
„Станува збор за превентивна акција насочена кон елиминирање на директна закана врз нашата национална безбедност“, изјави портпаролот на индиската армија, полковник Арун Десаи.
Пакистан остро реагираше на нападот, нарекувајќи го „непровоцирана агресија и кршење на суверенитетот“. Министерството за надворешни работи на Пакистан најави дека ќе го повика индискиот амбасадор и ќе поднесе официјална жалба до Обединетите нации.
Напнатоста меѓу двете нуклеарно вооружени држави повторно е во пораст, а меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение на конфликтот. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, преку својот портпарол повика на воздржаност и дијалог.
„Генералниот секретар ги охрабрува обете страни да избегнуваат дејства што можат да доведат до ескалација и ги повикува да ги решаваат несогласувањата преку мирољубиви средства,“ се наведува во соопштението од седиштето на ОН во Њујорк.
Според индиските медиуми, во нападот загинале 12 лица, а 55 се повредени. Пакистанската армија, пак, соопшти дека загинале три лица, а повеќе од 12 се повредени. Погодени се области во Бахавалпур, Котли и Музафарабад, за кои се верува дека биле користени како бази за терористички операции.
Во текот на операцијата, два индиски авиони биле соборени, што дополнително ја засили напнатоста.
Пакистанскиот премиер остро ја осуди операцијата и најави одмазднички мерки, додавајќи дека Пакистан „ќе одговори кога ќе одбере време и место“. Како реакција, во пакистанската провинција Пенџаб беше прогласена вонредна состојба.
Индиските владини претставници, вклучувајќи ги министерот за внатрешни работи Амит Шах и министерот за одбрана Рајнат Синг, претходно најавија „силен одговор“ на терористичките напади, што и се реализира преку оваа операција.
Инаку, од стекнувањето на независноста во 1947 година, Индија и Пакистан воделе три војни, од кои две директно поврзани со спорниот регион Кашмир. Обете земји тврдат суверенитет врз Кашмир, иако територијата е поделена меѓу нив. Војната од 1947-48 заврши со примирје, но без трајно решение. Нови судири следуваа во 1965 и 1999 година.
Покрај отворените конфликти, односите меѓу двете земји се често обременети со инциденти по должината на линијата на контрола (LOC), како и обвинувања за поддршка на милитантни групи. Во 2019 година, ситуацијата драматично се заостри по терористичкиот напад во Пулвама, по што следеше индиски воздушен напад во Балакот, што го поттикна Пакистан да одговори со сопствени воздушни акции.
Денешниот инцидент претставува нов потенцијален фокус на ескалација во односите меѓу двете нуклеарно вооружени нации.


