ЧЕТИРИ МЕЧА, ЕДНА ПОРАКА Вечерва може да се решат првите патници во нокаут-фазата

Бразил бара убедлива победа против Хаити по ремито со Мароко, САД можат да обезбедат место во нокаут-фазата, а Турција игра меч од огромно значење против Парагвај.

ЧЕТИРИ МЕЧА, ЕДНА ПОРАКА Вечерва може да се решат првите патници во нокаут-фазата
Фото: Принтскрин

Пред нас е второто коло од групната фаза, кое носи четири интересни натпревари и нова можност за фаворитите да ги потврдат своите амбиции. Бразил е под притисок по киксот на стартот, САД имаат шанса рано да обезбедат место во нокаут-фазата, додека Турција ќе бара враќање во игра против Парагвај.

По неочекуваното реми од 1-1 против Мароко, селекцијата на Бразил нема простор за нов кикс. Тимот на Карло Анчелоти е фаворит против Хаити и ќе се обиде не само да победи, туку и значително да ја подобри гол-разликата. Бразилците ги добиле сите три досегашни меѓусебни дуели со убедливи 22-2, а се очекуваат и неколку промени во стартниот состав. Фабињо би можел да го замени Касемиро во средниот ред, додека Куња е кандидат за место во нападот. Нејмар останува надвор од комбинација.

Во Групата Д, домаќинот САД и Австралија ќе ги одмерат силите на „Лумен Филд“ во Сиетл. Двата тима стартуваа со победи, но Американците оставија посилен впечаток со триумфот од 4-1 над Парагвај. Фоларин Балогун беше херој со два гола, а селекторот Маурицио Покетино се надева дека капитенот Кристијан Пулишиќ ќе биде подготвен и покрај помалите проблеми со повреда. Австралија, пак, ќе се потпре на цврстата одбрана која донесе изненадувачка победа над Турција.

Мароко, охрабрен од ремито со Бразил, ќе се обиде да направи уште еден голем чекор против Шкотска, додека Турција ќе бара поправен испит против Парагвај по поразот на стартот. За двете селекции овој натпревар може да биде клучен во битката за пласман во следната фаза.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА Д
СИЕТЛ – 21:00 ЧАСОТ
САД – Австралија

ГРУПА Ц
ФОКСБОРО – 00:00 ЧАСОТ
Шкотска – Мароко

ГРУПА Ц
ФИЛАДЕЛФИЈА – 02:30 ЧАСОТ
Бразил – Хаити

ГРУПА Д
САНТА КЛАРА – 05:00 ЧАСОТ
Турција – Парагвај

CATEGORIES
Share This