НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ ОВА ОД МЕСИ Зошто капитенот на Аргентина заплака по натпреварот?
Аргентинскиот капитен постигна три гола против Алжир и испиша нова страница во историјата на мундијалите, но по мечот вниманието го привлече неговиот емотивен момент.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, имаше спектакуларен настап на стартот од Светското првенство, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа од 3-0 против Алжир.
Со трите гола, аргентинската фудбалска икона се израмни со Мирослав Клозе на врвот на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на мундијалите, со вкупно 16 погодоци. Воедно, Меси стана и највозрасниот фудбалер кој успеал да постигне три гола на еден натпревар од Светско првенство.
Сепак, по завршувањето на мечот, главна тема не беа само неговите рекорди и голгетерскиот подвиг. Камерите го уловија Меси со солзи на лицето, момент кој веднаш предизвика голем интерес кај јавноста.
„Да, заплакав по првиот гол, но тоа немаше врска со фудбалот. Поминав низ тешки моменти, но сум благодарен на целиот тим и на моите соиграчи кои секогаш беа до мене, ми даваа поддршка и ми помагаа да продолжам“, изјави Меси по натпреварот.
Според пишувањата на британскиот весник „Сан“, емотивната реакција на аргентинскиот капитен би можела да биде поврзана со здравствените проблеми на неговиот татко Хорхе Меси. Тој долги години беше негов агент и една од клучните личности во развојот на кариерата на фудбалската ѕвезда.
Аргентинскиот новинар Едуардо Фајнман исто така посочи дека семејната ситуација можеби стои зад силните емоции на Меси, наведувајќи дека состојбата на неговиот татко се влошила во периодот пред турнирот.
И покрај тешките моменти надвор од теренот, Меси уште еднаш покажа дека останува вистински лидер на Аргентина. Со својата игра, головите и карактерот, тој ја предводеше репрезентацијата до моќен почеток на Светското првенство.
(ВИДЕО) МЕСИ ПИШУВА ИСТОРИЈА На 39 години го направи невозможното на Мундијалот


